Фудбал

Фудбалер на Лацио во конфликт со Сари

Фудбалер на Лацио во конфликт со Сари

Медиумите во Италија информираат дека тренерот влегол во конфликт со Матиа Весино, искусниот играч за врска кој има важна улога во актуелниот состав на „бјанкоцелестите“.

По триумфот над Џенова, Сари изјавил дека не се работи за сериозен проблем, но и денеска Весино не тренирал со соиграчите, што е потврда дека се работи за дисциплинска казна од страна на стручниот штаб.

Засега не е јасно кога Весино го налутил Сари и дали тоа е поврзано со средбата против Калјари, но јасно е дека Уругваецот нема да настапи на дуелот со Верона претстојниот викенд.

To top