Фудбал Сигурен е

Гвардиола: Убеден сум дека повторно ќе бидеме шампиони

Гвардиола: Убеден сум дека повторно ќе бидеме шампиони

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека неговиот тим повторно ќе биде шампион во Премиер лигата.

Сити е во резултатска криза и го испушти врвот на табелата, но Гвардиола е убеден дека неговиот тим ќе се врати на победите и повторно ќе биде шампион.

„Убеден сум дека повторно ќе бидеме шампиони во Премиерлигата. Се разбира само треба да бидеме на нивото како што бевме против Тотенхем и Ливерпул, само така можеме да ја одбраниме титулата. Знам дека нема да биде лесно, но реков, јас сум убеден дека повторно ќе ја освоиме Премиерлигата“, изјави Гвардиола.

To top