Фудбал

Гвардиола: Треба повеќе да се грижат за едно нешто

Гвардиола: Треба повеќе да се грижат за едно нешто

Пеп Гвардиола му препорача на Флорентино Перез повеќе да се грижи за состојбата на теренот, отколку на останатите делови од стадионот.

– Затворениот покрив? Мене повеќе ми се допаѓа кога го гледам небото, но тоа е лично убедување. Мора да се признае дека стадионот изгледад импресивно, недостасува само уште повеќе да внимаваат на тревата. Треба само повеќе да се грижат за тревата, Флорентино најмногу треба да внимава на тоа. Теренот треба да биде на прво место, бидејќи Реал секогаш имал добар фудбалски терен, – изјавил Гвардиола во микс-зоната, а потоа се надоврзал и на пресот.

– Флорентино нека не ме сфаќа погрешно, стадионот е спектакуларен, неверојатно фудбалско здание. Играчите беа тие кои се пожалија од тревата. Нека не сфаќаат премногу лошо, бидејќи многупати сум бил тука и теренот најчесто бил како тепих. Во моментов не е така, но стадионот се спектакуларен во секој поглед, – додал Гвардиола

To top