Фудбал уругваецот испрати порака

Голема заинтересираност за Араухо

Голема заинтересираност за Араухо

Роналд Араухо веќе неколку години е дел од Барселона, тим во кој пристигна во 2018 година од Бостон Ривер по што преку Барса Б дојде до првата екипа и сега е незаменлив дел од почетната постава.

Уругваецот е вистински борец кој може да одговори на повеќе позиции во дефанзивата (стопер, десен бек) и без него последната линија на шпанскиот великан не е иста.

Тој важи за еден од клучните играчи во екипата, но тоа не е проблем за Баерн Минхен да се распрашува, притиска за него, односно да сака да ја искористи финансиската ситуација на клубот од „Камп Ноу“.

Повеќе извори пренесоа дека баварците работат на тоа да го донесат Араухо во нивните редови, но за тоа освен што се прашува Барса тука е и самиот играч кој се огласи и даде јасен одговор околу иднината.

-Во секој преоден рок има секакви гласини. Тоа е нормално.. Единствено што можам да кажам е дека сум фокусиран на тимот и на овој клуб. Удобно ми е овде и секогаш се трудам да дадам се за овој дрес. Тие се гласини кои се појавуваат на сите пазари. Во летото се зборуваше за Манчестер Јунајтед, но јас сум фокусиран на Барса. И секогаш ќе давам сто проценти, истакна Роналд кој е под договор до 30 јуни 2026 година.

To top