Фудбал над 2.600 примероци

ФИФА: Ниту еден случај на допинг во 2023

Најновиот извештај на ФИФА е објавен една недела откако францускиот репрезентативец и член на Јувентус, Пол Погба, беше суспендиран на четири години поради допинг.

ФИФА: Ниту еден случај на допинг во 2023

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека не регистрирала позитивен случај на допинг во 2023 година.

Како што е соопштено, лани биле земени над 2.600 примероци од фудбалери и фудбалерки. Тестирани биле 860 фудбалерки, од кои некои дури седум пати, како и 732 фудбалери.

Една година претходно ФИФА процесуираше пет дисциплински случаи поради позитивни допинг тестови на фудбалери од Костарика, Џибути, Салвадор, Хондурас и Брегот на Слонова коска.

Најновиот извештај на ФИФА е објавен една недела откако францускиот репрезентативец и член на Јувентус, Пол Погба, беше суспендиран на четири години поради допинг.

Теми на денот

To top