Фудбал само еден моќе да биде најдобар

ФИФА ги објави тројцата кандидати за тренер на годината

ФИФА ги објави тројцата кандидати за тренер на годината

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на својата официјална веб-страница објави листа на кандидати кои се борат за титулата најдобар тренер во 2023 година.

Пеп Гвардиола Гвардиола, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети се тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата на ФИФА во категоријата најдобар тренер.

Наградата ќе му биде врачена на најдобриот и најуспешен стратег во периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година, а победникот ќе биде прогласен на церемонија во Лондон, која ќе се одржи на 15 јануари 2024 година.

Гвардиола е најолем фаворит бидејќи минатата сезона ја освои тројната круна со Манчестер Сити. Спалети му донесе титула на Наполи после повеќе од 30 години, а Инзаги го однесе Интер до финале во ЛШ.

Теми на денот

To top