Фудбал

Ерик Даер потпиша за Баерн Минхен

Ерик Даер потпиша за Баерн Минхен

Германскиот шампион Баерн Минхен официјално го објави потписот со англискиот интернационалец Ерик Даер, кој на „Алијанц Арена“ пристигнува од Тотенхем како позајмен до крајот на сезоната.

Дефанзивецот ќе го носи дресот со број „15“ во својот нов клуб. Покрај како централен дефанзивец, Даер може да игра и како дефанзивен играч за врска.

Досега оваа сезона има забележано само четири настапи за Тотенхем и затоа бара место каде што ќе добие поголема минутажа со надеж дека ќе влезе во составот на Англија за ЕВРО 2024.

To top