Фудбал еве кога последен пат ќе го ноди дресот на аргентина

Ди Марија ја завршува репрезентативната кариера

„Со болка во душата и кнедла во грлото се збогувам, од најубавите работи кои ми се случија во кариерата“, напиша Ди Марија на социјалните мрежи.

Ди Марија ја завршува репрезентативната кариера

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (35) најави збогување од националниот дрес по Копа Америка која од 20 јуни до 14 јули идната година ќе се одржи во САД.

Во својата блескава кариера, Ди Марија е светски првак, како и шампион на Јужна Америка, а го освои златниот медал на Олимписките игри 2008 во Пекинг.

„Со болка во душата и кнедла во грлото се збогувам, од најубавите работи кои ми се случија во кариерата“, напиша Ди Марија на социјалните мрежи.

Аргентина на Копа Америка ќе ја брани титулата.

„Тоа ќе биде последен пат да го носам аргентинскиот дрес“, најави фудбалерот на лисабонска Бенфика.

Ди Марија за аргентинската репрезентација досега одигра 139 натпревари на кои постигна 29 голови.

To top