Фудбал

Денеска во Струга и Кратово нема да се игра фудбал

Денеска во Струга и Кратово нема да се игра фудбал

Поради лошите временски услови, денешните мечеви од 15.коло во ПМФЛ меѓу Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар, се одложуваат.

Комисијата за натпревари ги одложи овие два меча поради лошите временски услови и ги презакажа за наредната среда (06.12), ако се знае дека веќе оваа среда треба да се игра 16.коло.

Тоа значи дека во Кавадарци (Тиквеш –Брера), како и двете во Скопје (Работнички – Гостивар и Шкупи – Македонија ЃП) денеска во 13 часот ќе се играат.

To top