Фудбал Македонија и Хрватска договорија пријателска средба

Далиќ: Македонија за нас ќе биде одличен спаринг партнер

Далиќ: Македонија за нас ќе биде одличен спаринг партнер

Фудбалските федерации на Македонија  Хрватска договорија пријателска средба на почетокот на јуни, која „коцкестите“ ќе ја искористат како увертира за Европското првенство.

Откако беше потврдено деќа ќе се одигра натпреварот, своето мислење го изнесе хрватаскиот селектор Златко Далиќ.

Тој нагласи дека овој меч ќе биде одлична шанса за нив да видат до каде се пред големиот турнир.

„Македонија ќе биде одличен противник во таа прва фаза на подготовки за Европското првенство. Се работи за репрезентација која есенва дома одигра нерешено против Италија и Англија, што покажува дека нè очекува вистински испит.

Се надеваме дека ќе дознаеме до каде ќе бидеме во тој момент и на што треба да работиме пред заминувањето во Германија. Со оглед на подготовките во Ријека, сакавме да играме на „Рујевица“ за да избегнеме дополнително патување. Овој договор ги исполнува сите очекувања од таа прва јунска средба“, изјави Далиќ.

Македонија не успеа вторпат во низа да избори пласман на Европското првенство, ама самиот тест со селекција која на последните два Мундијали беше сребрена и бронзена е доказ за добрата работа.

To top