Фудбал

Далиќ: Хрватска е во најтешката група, клучен ќе биде мечот со Италија

Далиќ: Хрватска е во најтешката група, клучен ќе биде мечот со Италија

Фудбалската репрезентација на Хрватска ги дозна своите противници во групата на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули следната година ќе се одржи во Германија.

Свој коментар за жрепката имаше хрватскиот селектор Златко Далиќ кој вели дека клучниот дуел за пласман во следната фаза ќе биде оној против актуелниот европски шампион, Италија:

– Ова е најтешката група, играме против актуелниот шампион на Европа, Италија, и против актуелниот освојувач на Лигата на нации, Шпанија. Трети сме во светот и затоа ова е најтешката група. Албанија исто така одигра добро во квалификациите. Италијанците имаат свој квалитет и многу добар тим, мораме уште малку да ги проучуваме Албанците. Мислам дека третиот натпревар против Италија ќе биде клучен. Нашата цел сега е да ја поминеме групната фаза. Играме во три градови на север и ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи –изјави Далиќ.

Во групата „Б“ на Евро 2024 Хрватска својот прв меч ќе го игра на 15 јуни во Берлин против Шпанија, четири дена подоцна во Хамбург против Албанија и на 24 јуни во Лајпциг против Италија.

За Хрватите ова ќе биде седмо учество на европските првенства, најдобриот пласман го имаа на ЕП 2008 кога стигнаа до четвртфиналето.

To top