Фудбал

Чави: Воспитан сум дека ремито никогаш не е добар резултат за Барселона

Чави: Воспитан сум дека ремито никогаш не е добар резултат за Барселона

Барселона му гостува на Наполи во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите, а тренерот Чави Ернандес пред натпреварот изјави дека се уште носи надеж за освојување трофеј кај Каталонците сезонава.

– Мотивирани сме и посакуваме пласман во следната рунда, бидејќи на европска сцена можеме да покажеме колку добро работиме и се подготвуваме.Наполи го промени тренерот непосредно пред средбата и не знаеме како ќе играат, но во секоја варијанта тие се квалитетен состав со играчи како Кварацхелија и Осимен. Знаеме дека реваншот е во Барселона, но тоа нема да ја промени нашата ДНК. Ќе одиме на победа, јас сум воспитан дека ремито никогаш не е добар резултат за Барса, – изјавил Чави.
To top