Фудбал Не стивнуваат реакциите

Чави: Цел свет виде што се случи во Мадрид

Чави: Цел свет виде што се случи во Мадрид

Чави не го криеше задоволството по одличното издание на Барселона и победата од 2-4 на гостувањето против Бетис, со што каталонците станаа прв тим што успеал да го совлада Бетис на гостински терен оваа сезона.

„Голема победа за нас на еден тежок терен. Имавме проблеми при 2-2, но бевме подобар противник, доминиравме, создававме шанси и заслужено победивме. Можеби ни требаше една ваква победа со голови во завршницата за да „кликнеме“ како што треба, да влеземе во една долга победничка серија“, изјави Чави.

Потоа, тренерот на Барселона даде свој коментар и за дуелот Реал – Алмерија каде „кралевите“ со судиска помош стигнаа до пресврт и победа од 3-2.

„Цел свет виде што се случи во Мадрид, јас немам што да додадам. Ќе биде тешко да станеме шампиони, јас и по мечот со Хетафе кажав дека гледам многу работи што не ми се допаѓаат“, прокоментира стратегот на каталонскиот гигант.

To top