Фудбал

Бензема за своите проблеми: Ова не е Реал Мадрид

Бензема за своите проблеми: Ова не е Реал Мадрид

Голем пех за Бензема од стартот на сезоната беше и фактот што имаше проблеми и со двајцата тренери (Нуно Санто и Галјардо), но според него, најголем проблем е тоа што во моментов не добива вистинска поддршка од соиграчите.

– Зошто се мачам со головите? Поради тоа што не сум во истиот клуб (Реал), не сум со истите играчи. Потребна ми е помош на теренот, не можам да победувам сам! Мојата иднина? Ќе видиме што ќе се случи, мојата цел до крајот на сезоната е да затворам добро со Ал Итихад, – им порачал Бензема на саудиските новинари.

To top