Фудбал не е се така сјајно во Саудиска арабија

Арсенал тргнува по потписот на Бензема

Арсенал тргнува по потписот на Бензема

Карим Бензема е еден од фудбалерите кои веќе бараат излез од Саудиска Арабија, а медиумите веќе почнаа да го поврзуваат со заинтересирани клубови.

Французинот веќе навестил дека сака враќање во Европа, а тоа првично би било во вид на заем, при што „ТимТок“ тврди дека блиску до договор со Бензема е Арсенал.

„Топчиите“ имаат потреба од освежување во нападот, бидејќи Жезус, Нкетија и Хаверц не го користат целиот офанзивен потенцијал на екипата, па искуството на Бензема може да биде пресудно во подобрување на резултатите на екипата која има шампионски амбиции.

To top