Фудбал рекорд за германските клубови

Баер Леверкузен непоразен рекордни 26 натпревари по ред

Баер Леверкузен е лидер на табелата во Германското фудбалско првенство со 45 бодови, четири повеќе од второпласираниот Баерн Минхен кој има и натпревар помалку.

Баер Леверкузен непоразен рекордни 26 натпревари по ред

Баер Леверкузен денес забележа победа над Аугсбург (1:0) на гостински терен во 17. коло од Бундес лигата.

Аргентинскиот играч од средниот ред Есекиел Паласиос го постигна победничкиот гол за „фармацевтите“ во 94. минута.

Избраниците на тренерот Чаби Алонсо ја продолжија серијата без пораз од почетокот на сезоната на 26 натпревари (23 победи, 3 нерешени), ова е рекорд за германските клубови.

Баер Леверкузен е лидер на табелата во Германското фудбалско првенство со 45 бодови, четири повеќе од второпласираниот Баерн Минхен кој има и натпревар помалку.

To top