Фудбал Арсенал е втор ан табелата во Премиер лигата

Артета: Остануваме во битка за титулата, го победивме најдобриот тим во Европа

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен од успехот неговиот тим над Ливерпул во дербито за врвот на Премиер лигата.

Артета: Остануваме во битка за титулата, го победивме најдобриот тим во Европа

По вчерашниот меч „Топчиите“ дојдоа на два бода од „Црвените“ и практично се вратија во битката за титулата. Според Шпанецот, овој успех значи многу бидејќи лондонци го надиграа тимот кој е во најдобра форма во Европа.

– Огромна победа. Момците ги вложија своите срца и души во битката за секоја топка. Сега имаме три победи во низа, остварени на навистина убедлив начин. Целата сезона е пред нас. Денеска покажавме дека имаме елитен менталитет. Но, сега тоа треба да го покажеме на утрешниот тренинг, а потоа и на натпреварот против Вест Хем. Ние сме во борба за титулата. Наше е да возвратиме. Ќе размислуваме натпревар по натпревар. Клучно е дали целата постава да биде достапна. Овој успех значи многу бидејќи Ливерпул е неверојатен тим. Тие се можеби тимот во најдобра форма во Европа, изјави Артета.

Арсенал е втор ан табелата во Премиер лигата со 49 бода, два помалку од лидерот Ливерпул.

Теми на денот

To top