Фудбал топџиите се избија на првото место во лигата

Арсенал на чекор од рекордот во Премиер лигата

Арсенал синоќа го совлада Вулверхемптон на гостински терен во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата – 2:0. Лондонци не примија ниту еден гол на шестиот натпревар на гостински терен во првенството и се наоѓаат пред изедначување рекорд стар 15 години.

Претходно таков резултат покажаа само Челзи во декември 2008 година и Манчестер јунајтед во февруари 2009 година. Тогаш екипите одиграа седум натпревари на гости со „чиста мрежа“, што е рекорд во Премиер лигата.

Следно гостување на „Топчиите“ во Англиското фудбалско првенство е на 28 април против Тотенхем.

Арсенал со 74 бодови го престигна Манчестер сити (73) и изби на првото место во Премиер лигата, но „Граѓаните“ имаат натпревар помалку.

To top