Фудбал јувентус

Алегри: Да бидеме реални, Интер за нас е некоја друга димензија!

Јуве во последните три кола покажа дека не е зрел за титула, посебно по синоќешниот пораз на свој терен од Удинезе. Пораз кој и дефинитивно значи крај на трката за тоа кој ќе биде шампион во Серија А.

Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри по мечот со својот коментар уште повеќе ги разгневни фановите на гигантот од Торино.

“Да бидеме реални, Интер за нас во овој момент е некоја друга димензија. Нашата амбиција беше да бидеме што поблиску до лидерот и тоа ни даваше амбиции. Интер има одлична сезона, тука нема дилеми и затоа овој клуб заслужува честитки. Нашата цел е да се вратиме во Лигата на Шампионите“ по овие зборови се чини дека Алегри и дефинитивно кажува кој е шампионот во Серија А во сезоната 2023/24.

Тоа секако дека е Интер.

Теми на денот

To top