Познати

ВИДЕОТО НА КЕЈТ „ПАДНА НА ТЕСТОТ“ НА ЈАВНОСТА: Воочени СЕДУМ спорни кадри продукт на вештачката интелигенција! (ВИДЕО)

ВИДЕОТО НА КЕЈТ „ПАДНА НА ТЕСТОТ“ НА ЈАВНОСТА: Воочени СЕДУМ спорни кадри продукт на вештачката интелигенција! (ВИДЕО)

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон периодов е дефинитивно еден од најбараните поими на интернет. Нејзиното исчезнување од јавноста разбуди многу теории за тоа што всушност се случува во кралското семејство.

Официјалното соопштение е дека имала операција на абдоменот за која е потребен одмор во кревет, што ќе ја оддалечи Кејт од кралските должности до Велигден. По шпекулациите и гласините дека се работи за нешто друго, таа е „видена“ на шопинг со сопругот Вилијам. Сепак, принцезата Кејт реши да стави крај на сите гласини и јавно да ја објасни својата моментална ситуација преку видео. Таа рече дека боледува од рак и дека подложи на превентивна хемотерапија.

Но, тоа видео „не го помина тестот“ на јавноста, па се отворија различни прашања кои сугерираат дека се работи за видео направено со вештачка интелигенција.

Кои се кадрите кои се наведуваат како проблематични?

1. Прстенот некогаш го има, некогаш не

Една од првите работи што гледачите ја забележаа во ова видео е дека вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон „испарува“ во некои моменти од видеото. Поточно во делот помеѓу 1.18 и 1.22 мин.

2. Дали некој ја забележал плунката?

Еден корисник на социјалната мрежа „Х“ забележал дека принцезата Кејт во текот на двете минути од видеото ниту еднаш не голтнала плунка. Ова предизвика многумина повторно да ја прегледаат снимката.

3. Мускулите на нејзиното лице не се движат

Исто така, еден од моментите за кои се дискутира е непридвижувањето на мускулите на лицето, што не е вообичаено кога се зборува. Исто така, ги нема и нејзините препознатливи дупчиња кога се насмевнува. Ова дополнително ја „распали“ масата на јавноста дека всушност тоа не е Кејт.

4. Различни очни капаци

Вистината е дека, колку и да звучи чудно, нашето лице не е симетрично и има минимални разлики меѓу левата и десната страна на лицето. Но, во ова видео е забележана голема разлика меѓу нејзините два очни капаци. Ова ги наведува луѓето да мислат дека едното око е нејзино, а другото не, односно дека видеото е направено со помош на вештачка интелигенција.

5. Левото рамо и косата се мирни

Една жена, експерт за мимикрија на телото, изјавила дека е многу чудно што левото рамо на Кејт Мидлтон воопшто не се помрднува во видеото. Едноставно не е можно постојано да е фиксирано и да не мрда две минути. Исто така, имајќи предвид дека видеото е снимено на отворено, невозможно е ветерот да не „дувнал“ низ градината и да не реагирал ниту еден прамен од нејзината коса. Ова покажува дека снимката е всушност направена во затворен простор, со додадена позадина.

6. Менување на сенките

Промената на сенката е исто така еден од спорните моменти. Оние кои подетално го проучувале видеото велат дека тешко дека сонцето би заоѓало така што би фрлило сенки на клупата. Деталот е видлив на клупата на наша лева, а нејзина десна страна.

7. И клупата е монтирана

На социјалните мрежи осамна и заклучокот дека штиците на задниот дел од клупата се различни. На левата страна штиците се пошироки и поретко распоредени во смисла дека растојанието меѓу нив е поголемо, додека од десната страна тие се потенки и позближени, односно растојанието меѓу нив е помало. Се доаѓа до заклучок дека не е истата клупа.

Најнови вести од Познати

To top