Луна Џогани и Марко Миљковиќ моментално престојуваат на Малдивите. Марко реши да ја изненади својата сопруга за нејзиниот 30-ти роденден, па ѝ организираше патување од соништата.
Кога нешто доволно силно посакуваш, шансите тоа да се оствари се големи. Одмор на Малдивите е нешто што Луна често го истакнуваше како посакуван сон, па го доби како роденденски подарок.
-Мојот подарок за 30. роденден од сопругот Марко. Покрај Америка која ја реализиравме, Малдиви е мојот сон многу долго. Ова е се’ што ми требаше за душа, срце и тело. Му благодарам на мојот сопруг и на Бога што можеме ова да си го дозволиме, напиша Луна на Инстаграм објавувајќи видео од ресортот каде престојуваат и песочната плажа.
View this post on Instagram
Изненадувањето беше дополнето и со порака за Луна која ја пречека во апартманот каде престојуваат.
-Око, среќен роденден. Марко, гласи пораката која Луна ја објави на социјалните мрежи.
