Познати Подобар свет

Со една реченица кажа доволно: Дино Мерлин испрати важна порака на својот концерт

На Мерлин му е мило што неговата музика е “издувен вентил“ на многумина.

Со една реченица кажа доволно: Дино Мерлин испрати важна порака на својот концерт

Музичката ѕвезда Дино Мерлин се огласи по двата концерти одржани во Белград.

Како што истакна, музиката е тука да ги зближи луѓето.

-Како што кажав на концертот во саботата, музиката ги зближува луѓето. Кога пееме заедно, некако стануваме поблиски еден до друг, вели Мерлин.

На Мерлин му е мило што неговата музика е “издувен вентил“ на многумина.

-На секој човек му треба издувен вентил. За многумина тоа е музика и среќен сум што голем број луѓе ги пеат моите песни, бараат утеха во нив и барем за момент забораваат на суровата реалност, рече тој.

Дино на големата сцена на Старк Арена изјави дека за жал не можеме да ги промениме лошите работи и настани, но барем да ја најдеме светлината во себе и луѓето околу нас.

„Да оставиме подобар свет за нашите деца, внуци и генерациите што доаѓаат“ – рече тој.

Најнови вести од Познати

To top