Познати нема крај на скандалот...

СЕ ОГЛАСИ КАРЛЕУША ПО СКАНДАЛОТ СО ДУШКО И СЕВЕРИНА – тоа што го имаше да го каже е очекувано за некој како неа, зар некој би очекувал други зборови освен овие!

Јелена Карлеуша повторно се огласи откако протече приватната преписка на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и Северина.

СЕ ОГЛАСИ КАРЛЕУША ПО СКАНДАЛОТ СО ДУШКО И СЕВЕРИНА – тоа што го имаше да го каже е очекувано за некој како неа, зар некој би очекувал други зборови освен овие!

Таа имаше краток коментар за наводниот флерт на нејзиниот сопруг и хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

„Повеќе не ме интересира ништо поврзано со Душко“, изјави Јелена Карлеуша за српските медиуми.

Откако Јелена Карлеуша јавно ги истакна „срамните изјави“ на Северина на тема Сребреница, а сплиќанката ѝ се обрати на пејачката преку Инстаграм, меѓу двете избувна војна.

„Голема мака го принудува човек на мизерија и обесчестување. Јади го тој сендвич и никогаш повеќе да не го спомнуваш мојот син“, ѝ напиша Северина по осудата на Јелена за коментарите на хрватската пејачка на тема Сребреница.

„А ти јади српски к***ц и не бранувај многу. Зашто образот не се плаќа ни со сендвичи ни со пари, несреќничке, како што ти си навикната. Сигурно те натерала мака кога одиш против својот народ, па си подготвена дури и себе и таткото и синот да ги наречеш геноцидни!“, ѝ одговори Јелена на Северина.

По ова, Северина најверојатно се обидела да ја испровоцира Јелена Карлеуша со тоа што ѝ испратила приватна преписка со нејзиниот се уште легален сопруг Душко Тошиќ, од која може да се заклучи дека поранешниот фудбалер се обидел да флертува со Северина, за што таа не била заинтересирана.

To top