Познати Искрена исповед

Саша Матиќ ја откри желбата која ја имале неговите родители, еве што сакале да станат нивните деца

Свирев пијано најдобро на светот. Кога вежбав тоа беше за висока оценка

Саша Матиќ ја откри желбата која ја имале неговите родители, еве што сакале да станат нивните деца

Пејачот Саша Матиќ (45) е на музичката сцена со децении. Со својот глас ја шармираше публиката низ целиот регион. Со оглед на тоа дека неговиот брат близнак Дејан во исто време градеше музичка кариера, тоа беше уште поинтересно и поинтригантно за јавноста.

И покрај големата популарност, тој успеа да го одржи љубовниот мир и стабилен брак на кој можеа да му позавидат многу колеги и други јавни личности. Пејачот повремено за медиумите откриваше некои детали од својот живот.

Така зборуваше за детството и растењето и како тој и Дејан биле воспитувани од нивните родители.

-Се сеќавам на се од моето детство. Мислам дека го имавме најдоброто детство, секогаш бевме опкружени со друштво. Бевме популарни во општеството. На тој начин не водеа нашите родители. Всушност, ние можеме да направиме сè, така не научија нашите родители. Мислам дека го имавме најдоброто детство. Бев шегаџија од мал. Кога влеговме во средното музичко училиште, тројца другари се степаа кој да седне со нас. Бевме смешни, изјави Саша.

Пејачот напомена дека неговиот татко имал воено воспитување и дека сака да држи се под контрола.

-Нашите родители сакаа да бидеме пијанисти. Свирев пијано најдобро на светот. Кога вежбав тоа беше за висока оценка. Родителите беа построги отколку што требаше, но така е подобро. Протоколот беше познат. Имавме куќни правила кои ги почитувавме, додаде пејачот.

Најнови вести од Познати

To top