Познати Само 4

„Сите го оставија кога остана без пари“: Саша Матиќ откри кои ѕвезди останале со Џеј до крај

Беше толку дарежлив, што кој и да му побараше нешто на улица, од него добиваше најмалку 100 евра, откри Саша Матиќ.

„Сите го оставија кога остана без пари“: Саша Матиќ откри кои ѕвезди останале со Џеј до крај

Во пресрет на утрешната премиера на филмот „Недела“, јавноста не престанува да зборува за легендарниот Џеј Рамадановски, по чиј живот се базираше филмот.

Неговите пријатели и колеги од естрадата секојдневно во медиумите зборуваат за Џеј, а Саша Матиќ во една прилика откри дека многу луѓе му свртеле грб на покојниот пејач кога останал без пари.

-Речиси сите го напуштија Џеј кога тој немаше повеќе пари. Со него останаа само неговите пријатели – Миќа Совтиќ, Ацо Пејовиќ, Аца Лукас и јас. Беше толку дарежлив, што кој и да му побараше нешто на улица, од него добиваше најмалку 100 евра, откри Саша Матиќ за Информер по смртта на Џеј.

Најнови вести од Познати

To top