Познати

Не сакаше да му ја исполни желбата: Јелена Карлеуша откри што побарал Душко од неа по разводот

Односот помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ја интригира јавноста.

Не сакаше да му ја исполни желбата: Јелена Карлеуша откри што побарал Душко од неа по разводот

Разводот на Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ со месеци е тема во медиумите. Оттогаш, приватниот живот на нејзиниот сега поранешен сопруг е под будното око на јавноста, а секој негов потег се следи.

По завршувањето на професионалната кариера, Душко Тошиќ поголемиот дел од времето го поминува во Белград, каде што живеат неговите ќерки Атина и Ника, но и каде што очигледно развива други бизниси.

Откако долго размислувал што може да работи, се одлучил за угостителство.

Тошиќ преку својот Инстаграм ги извести следбениците дека отворил луксузен ресторан во елитна населба каде живеат голем број јавни личности и се е во стилот и декорот на најскапите италијански ресторани.

Screenshot / Instagram
Screenshot / Instagram

Односот помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ интригира веќе подолго време, а пејачката неодамна објави изјава во која истакна дека потпишала спогодбен развод по 16 години. На новинарско прашање дали случајно би се смирила и повторно да се омажи за Душко, Јелена одговорила:

– Јас и Душко сме де факто сè уште во брак додека судијата не го потврди и потпише. Да беше така, немаше ни да се разведеме. Морам да кажам една бизарна работа, дека тоа беше идеја на Душко: дека прво треба да се разведе од мене за да испадне што е можно поголем маж, а потоа повторно да ме запроси. Нема ништо од тоа.

– Ме повика на отворање на некаков ресторан, но јас наплаќам за тој тип на маркетинг. Скапо. Се шегувам, изјавила пејачката.

За потсетување, Јелена и Душко официјално се разведоа пред неколку дена. Старателството над ќерките и е доделено на пејачката, а целиот недвижен имот е префрлен на Атина и Ника.

To top