Познати

Маргот Роби се огласи откако не беше номинирана за Оскар

Таа го коментираше и фактот дека Грета Гервиг, која го режираше филмот „Барби“, не беше номинирана за најдобар режисер.

Маргот Роби се огласи откако не беше номинирана за Оскар

Актерката Маргот Роби вели дека не е вознемирена што оваа година не е номинирана за Оскар за најдобра актерка. Таа зборуваше за своите чувства за оваа ситуација.

-Нема шанси да се чувствувате тажно кога знаете дека сте вака благословени, рече Роби, пред да го изрази своето разочарување што Грета Гервиг, која го режираше „Барби“, не беше номинирана за најдобар режисер.

„Очигледно, мислам дека Грета треба да биде номинирана за режисер. Она што таа го направи е нешто што се случува еднаш во кариерата, еднаш во животот“, рече Роби, пренесува NME.

„Барби“ заработи осум номинации за Оскар, вклучувајќи најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио, најдобра споредна машка улога (Рајан Гослинг) и најдобра споредна женска улога (Америка Ферара).

Најнови вести од Познати

To top