Свет добитниток ќе биде објавен во октомври

За Нобеловата награда за мир номинирани 285 кандидати

Вкупно 285 кандидати се номинирани за овогодишната Нобелова награда за мир, вклучувајќи 196 поединци и 89 организации, соопшти Норвешкиот Нобелови комитет.

За Нобеловата награда за мир номинирани 285 кандидати

Тоа значи дека овогодишното поле на кандидати е значително помало од лани кога имаше 351 валидна номинација. Најголем број номинирани е постигнат во 2016 година со 376 кандидати, пренесе ДПА.

Крајниот рок за номинирање на потенцијалните добитници на наградата беше крајот на јануари.

Нобеловите институции традиционално ги чуваат имињата на кандидатите во тајност веќе 50 години. Пратеници, членови на влади, шефови на држави, одредени научници и поранешни добитници на Нобеловата награда за мир се меѓу оние кои имаат право да номинираат.

Добитниците на Нобеловите награди во категориите медицина, физика, хемија, литература, мир и економија се објавуваат на почетокот на октомври секоја година.

Името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир треба да биде објавено на 11 октомври.

To top