Познатата пејачка Селин Дион во интервју за NBC News проговори за тоа како ја погодува неизлечивата невролошка болест, синдромот на вкочанета личност, со која се бори. Ова е првпат музичката дива да зборува за тоа на малите екрани.
Селин Дион веќе неколку години боледува од неизлечива невролошка болест, односно синдром на вкочанета личност. За првпат во последните две години таа реши јавно да проговори за тоа.
Поради болест, Селин не може да пее
– Како некој да те дави. Тоа е како некој да ти турка прсти низ грлото. Не можеш да зборуваш ни повисоко ни пониско- раскажала Селин Дион како болеста влијае на неа кога се обидува да пее.
– Доаѓа со грч. Почна во моето грло и си помислив: „Не, во ред е, ќе биде во ред“. Но, може да се појави и во стомакот, ‘рбетот и ребрата. Чувствувам дека ако ги свиткам стапалата, ќе останам во таа положба. Или ако готвам затоа што сакам да го правам тоа, моите прсти, моите раце ќе останат во една положба. Станува збор за грчеви, но како да сте во позиција што не можете да ја промените – изјави Селин.
EXCLUSIVE: In an interview with TODAY’s Hoda Kotb, Céline Dion is shedding light on her health and how seriously her stiff person syndrome has affected her ability to sing.
Céline Dion’s full conversation with Hoda will air on June 11 on @NBC. pic.twitter.com/kvsVX8ZjDt
— TODAY (@TODAYshow) June 7, 2024
Селин Дион откри болни детали
– Во еден момент скршив ребро бидејќи понекогаш, кога е навистина тешко, тоа може да се случи, објаснува пејачката.
Познатата пејачка во 2022 година објави дека боледува од синдром на вкочанета личност и оттогаш трае нејзината голема борба.
– Иако срцето ми се кине, најдобро е се ’да откажам додека навистина не бидам подготвена да се вратам на сцената – изјави таа во мај минатата година за откажувањето на турнејата.
Пејачката објаснила дека нарушувањето предизвикува грчеви во мускулите и „не и дозволува да ги користи гласните жици и да пее како што може“.
Светската турнеја Courage започна во 2019 година, изведувајќи 52 претстави пред пандемијата на Ковид-19 да ја прекине низата. Таа подоцна ги откажа концертите во Северна Америка поради здравствени проблеми и го одложи европскиот дел од турнејата.