Познати

ХАРИС ДИРЕКТНО И ДРСКО: Мелина е никаква ги гледаше само моите пари – се смени откако се здружи со жени со сомнително минато и низок морал!

ХАРИС ДИРЕКТНО И ДРСКО: Мелина е никаква ги гледаше само моите пари – се смени откако се здружи со жени со сомнително минато и низок морал!

Пејачот Харис Џиновиќ денеска првпат се појави во јавноста и гордо застана пред медиумите по повод разводот со својата поранешна сопруга Мелина Џиновиќ.

Тој во Основниот суд во Белград дојде по повод бракоразводната парница, па пред медиумите го одврза јазикот.

Многу отворено одговараше на сите новинарски прашања и потврди дека официјално е разведен и слободен човек.

На прашањето каква е Мелина, тој дрско одговори никаква, а потоа откри дека таа била таква цели 22 години додека биле во брак.

На прашањето дали Мелина сакала повеќе пари или него, тој директно одговори дека таа ги сакала повеќе парите.

-Пари, самата има кажано дека е материјалиста и дека ја интересираат само пари.

Тој вели дека не се ни трудел да ја промени во сите овие години.

-Во еден момент таа започна да се дружи со сомнителни жени со сомнително минато и морал и од тогаш нешто во главата и светна, вели пејачот.

Тој вели дека на суд ќе делат се, од облека до чантите кои вредат брдо пари а и ги има купено тој.

Најнови вести од Познати

To top