Познати

ГИ ДУВНА СВЕЌИТЕ, А НА НИВ ОВАА БРОЈКА: Никогаш нема да поверувате колку години наполни Калиопи (ФОТО)

ГИ ДУВНА СВЕЌИТЕ, А НА НИВ ОВАА БРОЈКА: Никогаш нема да поверувате колку години наполни Калиопи (ФОТО)

Калиопи Букле имаше навистина успешна година… Македонската поп дива беше една од ретките домашни естрадни уметници кои ја мина границата, одржувајќи серија концерти во соседна Србија и регионот. За жал го имаш оној пех со непријатната случка на концертот во Белград кој од човечки и хумани причини го одложи, а толку го поскауваше како круна на она што во 2023-тата го работеше.

Но, она што го сработи огледано во песните и концертите беше повеќе од добро и доволно за радост, среќа и задоволство… И нејзино и на нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Сепак, поп дивата успешната година не ја зокружи со концерт, туку со прослава… И тоа домашна, на која Калиопи како дете му се израдува на „денот што го чекаме цела година“ и едвај дочека да ги дувне свеќичките на славеничката торта, а моментот на радост и среќа го овековечи со блиц видео.

На дамите не им се бројат годините иако Калиопи не ги крие своите, ама затоа им се бројат роденденските честитки, а нив Опи ги доби во избилство. И вербално и во вид на пораки на мобилниот и преку социјалните мрежи, па дел од нив сподели на својот Инстаграм профил.

Најмногу од нејзините пријатели и секако од верните обожаватели меѓу кои предничат дамите кои се поистоветуваат со емоцијата во нејзините песни и нејзините стихови, вткаени во прекрасните ноти и тонови кои излегуваат од нив, обоени со експресијата на единствениот глас на Калиопи. Онаква, каква што само таа може да ја донесе, во која е оставена нејзината душа.

Затоа и со душа и од срце пристигнуваат и многубројните роденденски пораки и честитки, во кои оние кои ја сакаат и се пронаоѓаат во нејзината музичка лирика сега имаат прилика и парче од својата душа да и подарат и со неа да го споделат. Исто онака како што тоа го прават на нејзините концерти, кои Калиопи несомнено ќе ги има уште многу пати и во Новата 2024-та година.

Калиопи роденденот го прослави во својот дом, до кој водат врати милион… Но, само една до нејзиното срце. Онаа, низ која убавите нешта меѓу кои и искрените роденденски честитки пристигаат до неа! Нека е овој роденденски ден најсреќен!

Најнови вести од Познати

To top