Луна Џогани и Марко Миљковиќ пред два месеци по вторпат станаа родители. Во октомври се роди нивната втора ќерка Лана, за која парот само во некои изјави истакна дека личи на мајка си.
За разлика од нивната прва ќерка, две годишната Миа, која е пресликана мини верзија на тато Марко, Лана повлекла повеќе од гените на мама Луна.
Парот објави ново видео на нивниот ЈуТјуб канал од новогодишно фотографирање, каде за првпат го покажуваат ликот на бебето, кое во претходните објави го прекриваа со сликички.