Познати Талентирана на мама

Анастасија со емотивна балада ги остави фановите без зборови (ВИДЕО)

Релаксирано, без трошка шминка, Анастасија го пушти гласот и ги испеа зборовите на прекрасна балада

Анастасија со емотивна балада ги остави фановите без зборови (ВИДЕО)

Откако тајно се омажи и се пресели во Шпанија, Анастасија Ражнатовиќ ја остави настрана пејачката кариера, но сега изненади многу фанови и корисници на мрежата со видео од нејзиното пеење.

Имено, Анастасија објави видео кое го снимила во автомобилот, додека “на суво“ испеа една од песните со сигурно најемотивниот текст.

Зборуваме за песна од 1986 година, балада наречена „Не оди од мене душо“ која за жал никогаш не стана мега популарна, иако скоро сите пејачи ја обожаваат.

Релаксирано, без трошка шминка, Анастасија го пушти гласот и ги испеа зборовите на прекрасна балада, што предизвика голема реакција кај нејзините обожаватели.

Најнови вести од Познати

To top