Музика Прекрасно

Вака дечињата ја сакаат својата држава: „Македонија да ја чуваме” – моќна порака на Поточиња

Автор на музиката и аранжманот е реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите ги напишал Оливер Пап

Вака дечињата ја сакаат својата држава: „Македонија да ја чуваме” – моќна порака на Поточиња

Речиси 6.500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија.

Новите 15 песни ги опфатија сите сегменти од детскиот свет и со својата мелодичност и стилска разноликост приредија голема забава за сечиј детски вкус. Секоја песна на големиот лед екран во форма на брод имаше анимирано видео со испишан текст што привлече големо внимание кај публиката.

На самиот крај со импресивна сценска кореографија беше изведена песната „Македонија да ја чуваме” која со својата моќна порака не потсети колку е убава и сакана нашата татковина.

Автор на музиката и аранжманот е реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите ги напишал Оливер Пап, кои воедно се и организатори на овој реномиран детски фестивал. Песничката е снимена во студио Пап, а е во вокална изведба на Луна Ѓоргиевска.

За песната е изработено и анимирано видео кое го потпишуваat  2By4Digital.

To top