Култура

Невиден интерес досега за детскиот фестивал „Поточиња 2024“: По шест распродадени и седма претстава на 13-ти април од 17 часот

Детската радост, џагор, смеа и воодушевување се незамелниви во споредба со било која друга емоција. Тоа е она што изминативе 20 години го одржа, движи и воедно мотивира детскиот фестивал „Поточиња“ да продолжи. Откако прерасна во еден од најреномираните фестивали на детската песна во Македонија и пошироко, Поточиња 2024 и оваа година подготвиви 15 нови песни кои е многу извесно дека веднаш ќе им се допаднат на децата и ќе ја збогатат македонската ризница на детски песни.

Невиден интерес досега за детскиот фестивал „Поточиња 2024“: По шест распродадени и седма претстава на 13-ти април од 17 часот

Тука е фестивалскиот водител – маскотата Поки (зад која се крие актерот Мартин Јорданоски) кој е омилен лик на децата и многу интересно ги води низ фестивалската приказна. Токму затоа и годсинава се очекува Поточиња 2024 да прераснат во една голема детска забава, а фестивалот да доживее уште едно незаборавно издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Potocinja (@potocinja)

Дека тоа ќе биде така, уште отсега гарантира невидениот интерес за овој реномиран детски фестивал кој годинава по шесте експресно распродадени подготви и седма претсатава, на 13-ти април од 17 часот.

Поточиња

„Најмили другарчиња, по распродадените шест претстави на Ваше барање закажуваме нова седма претстава на 13 април од 17:00 часот во Македонска Филхармонија. Неизмерно се радуваме на огромниот интерес да играте и пеете со нас бидејќи ние сме секогаш расположени да Ве забавуваме Вас.

Бидете брзи и набавете си билет преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн.“ – порачуваат организаторите.

Поточиња

Во пресрет на новото 21-во издание на можеби најпопуларниот детски фестивал кај нас, фотографиите од пробите покажуваат дека подготовките се полн ек.

Поточиња

А Вие секако на 13 и 14, а сега на 13 април и од 17 часот бидете дел од „Поточиња 2024“ и први слушнете ги најновите македонски детски хитови.

Поточиња

Извор: Вистина

To top