Музика над 1,6 милијарди стримови

Спотифај ја објави најслушаната песна во 2023 година

Листата на најслушани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци.

Спотифај ја објави најслушаната песна во 2023 година

Музичката апликација Spotify вчера ги сподели резултатите со своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година.

Листата на најслушани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци.

Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарди стримови. Песната излезе во јануари оваа година.

На второ и трето место се „Kill Bill“ од SZA и „As It Was“ од Хари Стајлс.

Најслушан изведувач во 2023 година е Тејлор Свифт со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари. Оваа информација не изненадува, бидејќи светската ѕвезда годинава стана милијардерка благодарение на нејзината турнеја „Eras“.

Кога станува збор за албумите, повеќето од нив се објавени пред 2023 година. Најмногу стримуван албум е „Un Verano Sin Ti“ од Bad Bunny, со повеќе од 4,5 милијарди стримови на глобално ниво.

Најнови вести од Музика

To top