Музика

Калиопи влезе во студио, се подготвува новиот албум на поп дивата

Калиопи влезе во студио, се подготвува новиот албум на поп дивата

Македонската поп дива Калиопи подготвува нов албум. Новите песни, Калиопи на публиката ќе и ги подари оваа година.

-Посакајте ми среќа! Денеска и официјално започнавме! Новите песни за новиот албум се веќе на пат до вас!, објави Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

За своите планови годинава, Калиопи говореше и во предновогодишното интервју за порталот Вистина каде го најави новиот албум.

-Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме…, изјави Калиопи во интервјуто за Вистина.

To top