Музика

Хармоникашот Димитар Митровски со најнова композиција која го раскажува секојдневниот брз ритам и животна хармонија

Хармоникашот Димитар Митровски преку статус на Фејсбук сподели дека има нова композиција која го раскажува секојдневниот брз ритам и животна хармонија.

Хармоникашот Димитар Митровски со најнова композиција која го раскажува секојдневниот брз ритам и животна хармонија

„Драги пријатели, сакам да го споделам со вас емоционалниот момент кога мојата најнова композиција го најде светлото на денот.

Се надевам дека ќе ја доживеете, како што јас го доживеав додека ја создавав.

Преку маестралниот талент на режисерот Даниел Јовески оваа композиција стана нешто повеќе од звучен експеримент.

Стана аудио визуелно патување преку темпото на нашиот брз и динамичен живот, каде што секоја музичка нота и видео кадар раскажува приказна за нашиот секојдневен брз ритам и животната хрмонија. Се надевам дека ќе уживате во ова музичко искуство и ќе се впуштите во магијата што ја носи.

Благодарам за вашата поддршка и се надевам дека ќе ви се допадне овој проект!

Goce Ilioski 🥁
Angel Kjosev Thebasementstudios 🎹
Ivan Petrovski 🎸
Goran Gesovski🎸
Ratko Percussion Dautovski 🥁
Петар Христов 🎷

Голема благодарност до продуцентот Ангел – Студио „ПОДРУМОТ”

Sustain Production🎥🙌“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top