Живот и Стил совети

Што не треба да пијат и јадат луѓето со најкорисната крвна група? Овие намирници се на прво место

За овие луѓе не се препорачуваат пијалоци кои содржат кофеин и алкохол.

Што не треба да пијат и јадат луѓето со најкорисната крвна група? Овие намирници се на прво место

Исхраната според крвните групи е позната уште од 1996 година, кога ја измислил лекарот  Питер Д’Адамо.

Тој верувал дека за секоја крвна група е наменет карактеристичен тип на исхрана. Исто така, студиите на Европското здружение за кардиологија во 2017 година покажаа дека различни крвни групи се повеќе склони кон ризик од срцев удар и други кардиоваскуларни заболувања.

Кога станува збор за најкорисната крвна група, д-р Питер советува кои намирници се препорачуваат, а кои лицата со крвна група 0 треба да ги избегнуваат. За овие луѓе не се препорачуваат пијалоци кои содржат кофеин и алкохол. Тоа значи дека доколку ја имате оваа крвна група, треба да избегнувате кафе, чај, сите видови вино и пиво. Д-р Д’Адамо објаснува дека овие пијалоци не се препорачуваат за луѓе со нулта крвна група бидејќи го зголемуваат нивото на адреналин.

Интересно е што за време на интервју за работа во Јапонија, потенцијалните вработени често се прашуваат која е нивната крвна група. Луѓето со крвна група 0 се опишани како одговорни, посветени, организирани, совесни и практични луѓе. Кога се под стрес, тие можат да станат лути, хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на вежбање и нездравите навики и склоноста кон стрес ги прават поподложни на штетни метаболички процеси, како што се отпорност на инсулин, слаба активност на тироидната жлезда и дебелина.

Исто така, луѓето со оваа крвна група имаат повисоко ниво на желудочна киселина од другите крвни групи, поради што често имаат чувствителен стомак, а се повеќе склони кон чир на желудникот. Тие треба да избегнуваат кофеин и алкохол, а кофеинот може да биде особено штетен бидејќи го зголемува нивото на адреналин, кое и онака е високо кај луѓето со оваа крвна група, пишува „American Journal of Clinical Nutrition“.

Диетата на луѓето со нулта крвна група треба да се базира најмногу на месо, риба и маслиново масло, додека зеленчук, јаткасти плодови, семки и јајца се препорачуваат во умерени количини.

Најнови вести од Живот и Стил

Теми на денот

To top