Живот и Стил

Се празнуваат неколку свети апостоли

Се празнуваат неколку свети апостоли

Денеска е Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври.

Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени.

Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија.

Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

Поврзани теми

To top