Живот и Стил Совети

ОВИЕ намирници треба да се избегнуваат во исхраната ако сакате да бидете здрави

Кога станува збор за напитоците, д-р Лот особено го нагласува пивото. Според објаснението, овој пијалак го оштетува срцето на неколку начини. Претерувањето, имено, може да го оштети самиот срцев мускул.

ОВИЕ намирници треба да се избегнуваат во исхраната ако сакате да бидете здрави

Познато е дека за да се одржи и  подобри здравјето на срцето, постојат одредени намирници што треба да се избегнуваат во исхраната.

Така, д-р Лирој Лот од Њујорк сподели листа намирници коишто се лоши за кардиоваскуларниот систем. Лекарот наведува оти, во таа смисла, конзервираниот зеленчук и овошје се некаде на врвот на списоков, поради големата количина сол и шеќер. Тој истакнува дека далеку попрепорачливи се свежите овошја и зеленчук. Исто така, треба да избегнувате конзервирана храна воопшто, токму поради големата содржина на натриум (сол), којашто може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок и мозочен удар.

На листата на американскиот доктор се најде и белиот ориз. Тоа е рафинирана житарка што брзо се претвора во шеќер во телото, што значи и повеќе маснотии. Во овој поглед, не треба често да се јаде ниту бел леб, бидејќи тој е исто така рафиниран јаглехидрат.

Сирупите за слатки и замрзнатите колачи се, исто така, на листата поради високата содржина на шеќер. Лекарот советува да избегнувате и преработено месо што, обично, е богато со сол и заситени масти. Во таа смисла, солта е штетна за срцето бидејќи го зголемува крвниот притисок.

Кога станува збор за напитоците, д-р Лот особено го нагласува пивото. Според објаснението, овој пијалак го оштетува срцето на неколку начини. Претерувањето, имено, може да го оштети самиот срцев мускул.

Патем, и Лот и здравствените власти воопшто ги советуваат граѓаните – и мажи и жени да го ограничат внесот на алкохол.

На овој список се и енергетските пијалаци. Нивната содржина на кофеин потенцијално ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Дури и кечапот и другите сосови може да претставуваат опасност поради високата содржина на шеќер и сол.  (МИА)

To top