Живот и Стил Ви носат подарок

Ова треба да го знаат сите кои чуваат мачка: Вашето милениче ВАКА ви покажува најискрена љубов

Кога малите предатори го споделуваат својот плен со вас, тоа мора да е знак на љубов. Исто така, ако ви ги донесат своите играчки, тоа значи дека многу ве сакаат.

Ова треба да го знаат сите кои чуваат мачка: Вашето милениче ВАКА ви покажува најискрена љубов

Мачката ќе ви ја покаже својата љубов на свои специфични начини, како на пример да го трие лицето од вашето за да ве обележи со својот мирис, да ви го покаже стомакот и да ве стиска со шепите.

Сепак, еден од најчудните начини на кои мачките го прават тоа е кога ќе ви го донесат својот плен.

Многу сопственици на мачки, особено оние кои имаат пристап однадвор, наишле на ситуација кога нивната миленичка донела глушец, врапче, гуштер или слично мало животно кое успеала да го фати до нивниот праг или во куќата. Не е типично за мачките да го јадат својот улов и тоа го прават многу ретко, попрво ќе ви го донесат, без разлика дали е мртов или жив.

А кога мачето гордо ќе ви го донесе својот плен, не го карајте бидејќи на тој начин таа всушност ви покажува дека ве сака и ве смета за дел од нејзиното семејство. Исто така, тоа е начинот на кој сака да ви се заблагодари што ја нахранивте.

Без разлика колку се припитомени, мачките сè уште ги имаат своите ловечки инстинкти, кои се зачувани во последните неколку стотици години. Мачките се горди на своите ловечки вештини и кога ќе ви го донесат својот улов, ви носат подарок – така го толкуваат тој чин.

Кога малите предатори го споделуваат својот плен со вас, тоа мора да е знак на љубов. Исто така, ако ви ги донесат своите играчки, тоа значи дека многу ве сакаат.

Ако сепак сакате да го спречите вашето домашно милениче да фати птици, глувци и други мали животни и да ги внесе во вашата куќа, првото нешто што можете да направите е да ги спречите да излегуваат надвор, доколку е можно. Секогаш е побезбедно мачките да бидат внатре за да не се повредат или залутаат.

Исто така, можете да и понудите на мачката некоја подвижна играчка која може да ја брка низ куќата и многу да се забавува додека го прави тоа. Ова треба да ги задоволи истражувачките и ловечките инстинкти на ова многу љубопитно и интелигентно животно.

Најнови вести од Живот и Стил

To top