Живот и Стил почнете уште утре

Лесна утринска рутина во која се колнат најсреќните и најдолговечните луѓе на светот

Да се живее до 100 години е невообичаено во повеќето делови на светот, но не и во таканаречените „сини зони“.

Лесна утринска рутина во која се колнат најсреќните и најдолговечните луѓе на светот

Да се живее до 100 години е невообичаено во повеќето делови на светот, но не и во таканаречените „сини зони“.

Луѓето кои живеат во регионите на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија имаат најдолг животен век и спаѓаат меѓу најсреќните луѓе на планетата, пишува „The Sun“.

Тие биле и сè уште се предмет на бројни студии, а научниците барале индиции за тоа како да се живее среќно и долго. Повеќето луѓе од „сините зони“ следат едноставни утрински рутини со кои би можеле да започнете и вие уште утре.

Појадувајте здраво

Повеќето луѓе кои живеат во „сините зони“ уживаат во богата и разновидна медитеранска или растителна исхрана. Тие генерално јадат повеќе целовита храна, овошје и зеленчук, а помалку црвено или преработено месо, шеќер и скробни јаглехидрати отколку во општата западна исхрана.

Истражувањата покажале дека медитеранската исхрана, која исто така става акцент на целите зрна, маслиновото масло, гравот, јаткастите плодови и рибата, може да помогне да се намали ризикот од голем број болести.

Луѓето кои живеат во Лома Линда, Калифорнија имаат тенденција да уживаат во чинија каша наутро, понекогаш додавајќи јаткасти плодови или овошје за дополнителна количина на влакна.

Замената на млекото со алтернатива од растителна основа, како што е овесното млеко, исто така може да го намали ризикот од рак.

Уживајте во шолја кафе

Кафето е клучен дел од исхраната на повеќето луѓе кои живеат во „сините зони“. Оние кои живеат во овие предели пијат околу 2 до 3 шолји кафе секој ден. Истражувањата покажуваат дека 3 шолји кафе дневно помагаат да се намали ризикот од дијабетес и дебелина.

Д-р Сузана Ларсон, од Институтот Каролинска во Стокхолм, вели: „Нашите наоди сугерираат дека кофеинот, барем делумно, може да ја објасни обратната поврзаност помеѓу консумирањето кафе и ризикот од дијабетес тип 2“.

Во меѓувреме, полифенолите – природни антиоксиданти – во пијалакот се исто така поврзани со помал ризик од деменција.

Пронајдете го вашето „икигаи“

Добриот почеток на денот не е само она што го внесувате во вашето тело. Сите луѓе во „сините зони“ следат некоја варијација на јапонскиот концепт наречен „икигаи“, пронаоѓајќи го нивниот внатрешен погон.

Станува збор за откривање на она што му дава цел и искра на вашиот живот, буквална причина да станете од кревет наутро. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои чувствуваат дека имаат поголема цел имаат тенденција да живеат подолго.

Кен Моги, невронаучник од Токио, вели дека процесот започнува со четири работи: прифаќање на себеси, поврзување со другите и планетата, пронаоѓање радост во малите нешта и присуство.

Кажете ѝ нешто убаво на првата личност што ќе ја видите

Слично на тоа, начинот на кој се однесувате кон луѓето на почетокот на денот може да ви даде поттик за среќа. Авторот Ден Бутнер, кој го смислил терминот „сини зони“, вели дека секое утро го започнува така што ѝ кажува нешто убаво на првата личност што ќе ја види.

To top