Живот и Стил Потекнуваше од царски род

Денеска е Св. великомаченица Екатерина: Погубена е заради нејзината истрајност во верата

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата.

Денеска е Св. великомаченица Екатерина: Погубена е заради нејзината истрајност во верата

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 ноември.

Денеска е Св. великомаченица Екатерина.

Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија.

Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата.

Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

To top