Занимливости

Запрена аукцијата со лични документи и предмети на Нелсон Мандела

Иако веб-страницата на Гернзи објави дека аукцијата е прекината, локалните медиуми во Јужна Африка наведуваат дека одлуката е донесена како одговор на незадоволството на граѓаните на Јужна Африка, како и на владата и на Јужноафриканската агенција за наследство (САХРА).

Запрена аукцијата со лични документи и предмети на Нелсон Мандела

Аукцијата на која требаше да се најдат документи и лични предмети на поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, е прекината.

Онлајн аукцијата, која требаше да се одржи на 22 февруари, а да ја спроведе њујоршката аукциска куќа „Гернзи“ во име на најстарата ќерка на Мандела, Маказива, требаше да вклучи продажба на личните документи на Мандела и неколку други лични предмети, пишува АП.

Иако веб-страницата на Гернзи објави дека аукцијата е прекината, локалните медиуми во Јужна Африка наведуваат дека одлуката е донесена како одговор на незадоволството на граѓаните на Јужна Африка, како и на владата и на Јужноафриканската агенција за наследство (САХРА).

САХРА претходно бараше налог за да ја спречи  Маказива да ги продава предметите на аукција.

Министерката за спорт, уметност и култура на Јужна Африка, Зизи Кодва, претходно изјави дека самиот Мандела е составен дел од наследството на Јужна Африка.

-Затоа е важно да го зачуваме наследството на поранешниот претседател Мандела и да се погрижиме неговото животно дело и искуство да останат во земјата за генерациите што доаѓаат, рече тој.

Нелсон Мандела почина во 2013 година на 95-годишна возраст, а во борбата против апартхејдот во Јужна Африка помина речиси 30 години во затвор, по што во 1994 година стана првиот црн претседател на земјата.

Најнови вести од Занимливости

To top