Занимливости

ВИДЕО: Мачка очајно се држи за автомобил за време на поплавите во Дубаи, видео од спасувањето вирално на социјалните мрежи

Медиумите јавуваат дека за само 24 часа наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во тие региони.

ВИДЕО: Мачка очајно се држи за автомобил за време на поплавите во Дубаи, видео од спасувањето вирално на социјалните мрежи

Полицијата во Дубаи спасила мачка од силните поплави по поројниот дожд, а моментот на нејзиното спасување масовно се споделува на социјалните мрежи.

Спасувачките екипи открија мачка која очајно се држела за вратата од автомобилот откако градот го погодија рекордни поплави.

Дубаи и неговите граѓани, како и туристите се мачеа со поројниотдожд, а проблеми очигледно имаа и локалните животни. Мачката прикажана на видеото е една од многуте жртви кои се обиделе да избегаат од водата.

На видеото се гледа моментот кога припадник на спасувачката служба ја спасува мачката ставајќи ја во чамецот пред да ја однесе на суво.

Државната новинска агенција WAM го нарече дождот во вторникот „историски временски настан“ што надмина „се што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.

Медиумите јавуваат дека за само 24 часа наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во тие региони.

Најнови вести од Занимливости

To top