Занимливости подароци

Ова никогаш не го подарувајте за Нова Година на луѓето кои ги сакате

Ако верувате во старите народни верувања, тогаш не заборавајте дека има работи за кои се смета дека не се подаруваат затоа што привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној на кој ќе му подарите.

Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за некој друг.

Огледало

Се верува дека магијата е заробена во огледалата и затоа не треба да се купуваат како подароци. Наводно, подарените огледала му носат неволја во животот на оној што ги прима.

Часовник

Според народното верување, ако часовникот се случи да застане, тоа може да донесе лоша среќа. Најдобро би било да избегнувате да го купувате овој подарок.

Паричник

Можете да подарите паричник, но важно е да не е празен. Во тој случај личноста на која ќе ѝ го дадете подарокот секогаш ќе има проблем со парите.

Садови

Ако сакате да подарите некому тенџере или чаши, ставете паричка во секое тенџере. Празните садови носат сиромаштија.

Најнови вести од Занимливости

To top