Занимливости АНКЕТА

Најразочарувачките подароци: Им подарувале кромид, крема за брчки, тоалетна хартија…

Помалку популарни начини за ослободување од несоодветните подароци се фрлање в ѓубре (5 отсто) и враќање на лицето кое го подарило (три отсто).

Најразочарувачките подароци: Им подарувале кромид, крема за брчки, тоалетна хартија…

Кромид, пилешко за вегани, тоалетна хартија, инсекти – се спомнати во годинашно испитување како најлошите подароци што луѓето велат дека некогаш ги добиле… Притоа, секој четврти вели дека добил несакан Божиќен подарок минатата година.

Поточно, дури 24 отсто од анкетираните луѓе добиле барем еден подарок што го оценуваат како непожелен или несоодветен. На прашањето – што направиле со несаканиот подарок, речиси тројца од 10 (27 отсто) одговориле дека или го дале некому или се со таква намера, еден од седум (14 отсто) го продале или сакаат да го продадат на интернет, а 8 отсто го вратиле или имаат намера да го вратат подарокот. Истражувањето е спроведено низ Велика Британија во јануари оваа 2023 година, од Истражувачката агенција „Опиниум“.

Помалку популарни начини за ослободување од несоодветните подароци се фрлање в ѓубре (5 отсто) и враќање на лицето кое го подарило (три отсто).

Меѓу подарените несакани нешта, наведени се и тоалетна хартија, мушичка, скршена играчка, вреќа кромид, а една жена од сопругот добила и крема против брчки… Натаму, еден испитаник рекол и дека добил чоколадо од татко сѝ, иако бил интолерантен на млеко. А веган, пак, посочил дека добил „мртво пиле“ од пријателот – месар.

Истражувачите и познавачите советуваат секогаш да му се остави простор и можност на оној кому му е наменет подарокот – да може да го врати, без разлика дали се работи за мува или купен предмет што може да се замени во продавница. (МИА)

Најнови вести од Занимливости

To top