Технологија негативно влијание врз социјалната хармонија

И Непал го забрани ТикТок: Ги нарушувал семејните односи

Имено, во Непал ТикТок е забранет, а тамошните власти навеле дека оваа социјална мрежа има „негативно влијание врз социјалната хармонија“.

И Непал го забрани ТикТок: Ги нарушувал семејните односи

Цела година, ТикТок се соочува со обвинувања за грижа за приватноста на корисниците, а висок функционер на оваа социјална мрежа дури се најде на сослушување пред американскиот Конгрес. Уште една земја им се придружи на оние што го забрануваат ТикТок, но овој пат не станува збор за загриженост за податоците.

Имено, во Непал ТикТок е забранет, а тамошните власти навеле дека оваа социјална мрежа има „негативно влијание врз социјалната хармонија“.

-Оваа одлука е веќе донесена, а релевантните институции ги преземаат сите технички мерки неопходни за спроведување на забраната. ТикТок постојано се користи за споделување содржини што ја нарушуваат социјалната хармонија и ги уништуваат семејните односи, рече министерот за комуникации на Непал, Реха Шарма.

Неколку часа откако беше објавено дека ТикТок ќе биде забранет, видеата за одлуката имаа илјадници прегледи на социјалната мрежа.

To top