Храна и Пијалаци рецепт

Рецепт за домашна карамела со чоколадо и бадеми

Ви споделуваме рецепт за крцкаво чоколадно задоволство кое нема да ви одземе многу време во кујната, а вашите гости ќе бидат воодушевени. Станува збор за домашна карамела со чоколадо и бадеми.

Рецепт за домашна карамела со чоколадо и бадеми

Ви споделуваме рецепт за крцкаво чоколадно задоволство кое нема да ви одземе многу време во кујната, а вашите гости ќе бидат воодушевени. Станува збор за домашна карамела со чоколадо и бадеми.

Потребни состојки:

450 грама путер
400 грама шеќер
½  лажичка сол
1 лажичка екстракт од ванила
230 грама чоколадо
100 грама печени бадеми, исечкани (може да користите и кикирики, лешници или ореви)

Начин на подготовка:

1. Обложете го садот за печење со хартија за печење или алуминиумска фолија. Додадете го путерот во тенџерето и варете на средна температура додека не се растопи, но не и да зоврие. Додека мешате, постепено додавајте шеќер и сол и варете додека смесата не добие боја на путер од кикирики, 10 до 15 минути. Ако смесата почне да се одвојува, повторно мешајте додека не се соедини. Тргнете ја смесата од оган и внимателно додадете ја ванилата.

2. Веднаш истурете ја смесата во садот за печење. Оставете да се излади малку, околу 3 минути. Посипете рамномерно со чоколадо и оставете да отстои додека не се стопи, околу 5 минути. Распоредете го рамномерно чоколадото.

3. Посипете ги јаткастите плодови и нежно притиснете ги во чоколадото.

4. Оставете го десертот да се излади целосно на собна температура, најмалку 3 часа, а потоа скршете го со раце на парчиња и сервирајте го. На здравје!

Теми на денот

To top